Во Скопје, денеска започна Светското првенство за младинки, ракометарки до 20 години. Репрезентација на Македонија во првиот натпревар од групната фаза ги надиграа Американките.

Црвено-жолтите без проблем го совладаа САД со 32:15.

Нашата репрезентација на почетокот со серија 6-0 успеа да поведе со 7:1. Македонија влезе максимално мотивирано па така и успеа да создаде предност која за американките беше недостижна. Тие постепено само ја зголемуваа предноста па во 21-та минута поведоа со +10 (13:3). На полувреме црвено-жолтите заминаа со 15:6.

Во втората половина Македонија успешно ја одржуваше предноста што ја создаде во првото полувреме. Иако во неколку наврати гостите се обидоа да ја намалат негативата нашата репрезентација не дозволи. Македонија во 45-тата минута со серија 8-0 успеа да зголеми на +14 (25:11). До крајот тие без проблем ја одржуваа оваа предност. Крајниот резултат беше 32-15.

Најефикасни од нашата репрезентација беа Борјана Коцева со девет погодоци, седум додаде Ива Младеновска.

Следниот натпревар македонските ракометарки че го играат во петок, а противник ќе биде конкурентот за првото место Исланд. Во оваа група е и селекцијата на Ангола против која Македонија ќе игра во сабота (22 јуни).

Ивона Кимовска