Репрезентацијата на Турција со победа го почна својот настап на Европскиот фудбалски шампионат во Германија. Турците со два прекрасни гола ја совладаа Грузија со 3-1 во дуел од 1.коло на „Ф“ групата.
На натпреварот во Дортмунд двете селекции играат отворен, офанзивен фудбал, во кој беа создадени многу шанси, а Турците беа поефикасни.
Два од трите гола на овој меч беа постигнати во првото полувреме.
Фудбалерот на Фенербахче, Мерт Мулдур во 25.минута на ефектен начин им донесе предност на Турците со 1-0. Само седум минути подоцна на спротивната страна погоди Микаутадзе го израмни резултатот.
Ако во првиот дел му беше поништен гол на Канан Јилдиз во вториот полувреме тоа не беше случај.
18-годишниот фудбалер на мадридски Реал, Арда Ѓулер, го постигна најубавиот гол досега на шампионатот за водство на Турција со 2-1.
Грузијците во два наврати ја погодија стативата од голот на Турците, а казната стигна во судиското дополнение. Актуркоглу во 97.минута по брзата контра ги постави конечните 3-1 за Турција.
Во следното 2.коло Турција ќе игра против топ фаворитот во оваа група Португалија која вечерва ќе го игра својот прв меч против Чешка.