Петтиот ден на Европското фудбалско првенство во Германија, носи два натпревари со кои ќе биде комплетира првото коло.

На програмата се дуелите од „Ф“ групата, а први на теренот во Дортмунд ќе истрчаат фудбалерите на Турција и дебитантот Грузија.

ТУРЦИЈА

Турците се чести учесници на Европските првенства од 1990-тите. Но тие ретко ја минуваат групната фаза, додека полуфиналето во 2008 година е на прагот на сонот.

Новиот селектор Винченцо Монтела, ќе има тешка задача да ги оправда очекувањата на турската јавност, која сигурно во Германија по домашниот, ќе биде најбројна. Монтела беше критикуван и дека премногу се потпира на премногу млади играчи.

Значајна улога, во овој контекст, се предвидува и за напаѓачот на Јувентус, Кенан Јилдиз. Момче кое штотуку наполни 18 години и важи за еден од најдобрите млади фудбалери, кои би можеле да изненадат во Германија. Многумина се сомнева дека тоа може да биде голем товар, за младиот играч кој штотуку полнолетен.

Сепак, покрај „голобрадите“ момчиња, во составот на Турција лидер се очекува да биде искусниот Хакан Чалханоглу. Тој ја круниса одличната сезона во Интер со освојувањето на титулата во Серија А.

ГРУЗИЈА

Репрезентацијата на Грузија за прв пат е дел од континенталните првенства. Пред три години Грузијците не стигнаа до завршницата, откако во баражот беа елиминирани од Македонија.

Сега тие на ист начин се на ЕУРО 2024-та. Да не беше Лигата на нациите и „лудата“ ноќ против Грците во баражот, сигурно пак ќе имаа за што да жалат.

Улогата на аутсајдерот од групата Ф, па и на целото ЕП може да биде и олеснување за тимот на Вили Сањоло. Сепак предводени од Хвича Кварацкелија, Грузијците деновиве го живеат својот сон. Во составот го имаат и 23-годипниот Мамардашвили од Валенсија, еден од најдобрите голмани во шпанската Примера.

Борбеноста и дисциплинираноста во играта предвидена од селекторот Сањол секако се „скриен“ адут во Грузиската селекција.

Натпреварот меѓу Турција и Грузија ќе се игра во терминот од 18 часот.