Македонските претставници во Конференциската лига, екипите на Тиквеш и Шкеднија, ги дознаа противниците за првата квалификациска рунда.
Освојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш за противник го доби тимот на Бреидаблик од Исланд. Кавадарчани првиот натпревар ќе го играат на домашен терен.
Тетовска Шкеднија, ќе почне со гостински натпревар и тоа кај Ноах во Ерменија. Реваншот ќе се игра во Тетово.
Првите натпревари се планирани за 11 јули, а реваншите седум дена подоцна на (18 јули) .
Инаку денеска својот противник во квалификациите за Лигата на шампионите го доби и Струга Трим Лум.
Македонскиот првак во првото квалификациско коло ќе игра против словачката екипа Слован од Братислава.