Младинската женска репрезентација на Македонија за ракометарки до 20 години, од утре го почнува настапот на Светското првенство. Шампионатот ќе се одржува во Скопје, а натпреварите ќе се играат во спортските сали ,,Борис Трајковски” и ,,Јане Сандански”.
Нина Попова смета дека репрезентативките работеле максимално и веруваат дека се подготвени за добар настап.
,,Немаме очекувања, имаме цел да ја поминеме групната фаза и да обезбедиме солиден пласман. Се што следи после групната фаза, ќе атакуваме со сите сили и ќе целиме на победа.
Не се спремаме долго, бидејќи почнавме веднаш по завршувањето на првенството. Иако не е многу време, сметам дека работевме максимално сите до една и дека сме спремни да ги оствариме нашите цели со сите сили што ги имаме”
изјави Нина.
Македонија во првата рунда од групната фаза за противници ги има репрезентациите на САД, Ангола и Исланд.
,,Сметам дека можеме да ја поминеме групната фаза, иако сме ослабено по повредата на Марија Јанкуловска, а неизвесната е и Бојана Радевска.
Другите ќе дадеме плус 10% од нас за да надополниме нивното отсуство.
Тоа е нашата предност, се нашите срца и големата борбеност”,
посочи Попова .
Првиот натпревар на нашата репрезентација е против САД со почеток од 20:15 часот во ,,Борис Трајковски”.
,,Сакаме победа против САД, не потценуваме никого, ќе напаѓаме со сè што имаме. Не ни е прва средба со САД, лани игравме на турнир со нивната А селекција во Унгарија и успеавме да ги победиме, а се надевам дека ќе го повториме истото.
Женскиот ракомет не е ценет како што беше, но сега е моментот на златните генерации кои целат да ги бранат боите на Македонија со срце.
Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број, ќе нé поддржуваат и ќе бидат дел од нашата визија за добар пласман и добра атмосфера во салата Борис Трајковски “,
заклучи Попова.
Ивона Кимовска