Репрезентацијата на Франција која според „букмејкерите“ е втор фаворит за шампионскиот трофеј на Европското првенство, започна со победа. Во натпреваров од „Д“ групата одигран во Диселдорф, Франција ја совладаа Австрија со 1-0.
Во рамноправно прво полувреме Австријците први имаа голема шанса за гол. Во 36-тата минута, Баумгартнер изби сам пред Мањан, но биеше само во добро поставениот француски голман.
Само две минути подоцна следуваше казна. Наместо да ја расчисти ситуацијата пред својот гол, Максимилијан Вобер на ефектен начин си постигна автогол.
Голема борба водеа двете селекции во вториот дел. Создадоа по некоја шанса, но изостана завршницата, а со тоа и резултатот, 1-0 за Триколорите.
Во следното, вториот коло, закажано за 21 јуни, Франција ќе го игра дербито со Холандија. Во вториот натпревар од оваа конкуренција Австрија ќе се сретне со Полска.