Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со рангот и резултатите оваа сезона е пред сериозен предизвик за настап на третиот Грен слем турнир годинава Вимблдон. Но, се појавија административни пречки.
Ѓорческа сeуште нема добиено британска виза. Таа апликацијата за виза ја пополни пред 20-тина дена, а имаше и разговор за добивање на потребната виза. Но, одговор нема.
Времето за почеток на турнирот се ближи (квалификациите стартуваат на 24.јуни), а и организаторот на турнирот најави дека ќе преземе чекори Ѓорческа и нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ да ја добијат потребната виза за влез во Велика Британија.
Ова за Ѓорческа треба да биде втор настап на Вимблдон. Првиот беше во 2017 година кога исто поради визата дојде на еден ден пред мечот, со што немаше време за прилагодување на тревнатaта подлога.
Доколку Лина добие виза во следните два дена, во план е настап и на турнир од рангот W100 во Англија.
Потсетување дека Лина годинава веќе настапи на првите два Гренд слем турнири, Австралија Опен и Роланд Гарос.