Освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија, екипата на Тиквеш, денеска се „пофали“ со четири нови фудбалери.

Кавадарчани кои вчера ги почнаа подготовките за новата сезона, денеска ги претставија новите засилувања.

Дресот Тиквеш во новата сезона ќе го носат, левиот бек Михаил Маневски, Ѓоррѓи Ѓорѓиев кој игра на позицијата десно крило, а двајцата доаѓаат од штипска Брегалница.

Нов играч на Тиквеш е Давид Манасиевски, која игра во средниот ред, а кој досега настапуваше во Силекс. За голманската позиција ќе конкурира и младиот Стефан Тасев кој доаѓа од Вардар Неготино.

Покрај обврските во мак-фудбалот, кавадарчани летово ќе имаат и дебитантски настап на европската сцена. Тиквеш заедно со Шкендија, ќе ја преставува Македонија во Конференциската лига. Двата клуба своите противници за првото квалификациско коло ќе ги дознаат на 18 јуни.