Дански Алборг е првиот финалист на годинашниов Ф4 од Лигата на шампионите во Келн откако во првото полуфинале го победи актуелниот европски шампион Магедбург со 28:26 (11:11).
Во изедначен натпревар – резултатот беше нерешен дури 25 пати, а една од екипите два разлика предност имаше за првпат во 59.минута – 27:25 за Алборг.
Во завршницата на дуелот тренерот на Алборг Мадесн постојано во нападот играше 7 на 6 и таквата игра на ризик му даде резултат особено што неговата екипа постигнуваше гол. Во клучните моменти во финишот на дуелот, на голот на Алборг се врати Никлас Ландин и во последните три минути имаше три одбрани што се покажаа и како клучни за победа во полуфиналето.
Мадс Хоксер со 8 голови беше најефикасен кај победникот, додека кај Магдебург најдобар стрелец беше Инги Магнусон со 10 голови.
Во второто полуфинале на Ф4 завршницата од Лигата на шамшиони во Келн ќе играат Кил и Барселона од 18 часот.