Фудбалерите на Тиквеш немее многу време за одмор. Импресиите од неодамна завршената сезона, уште не се легнати, а кавадарчани веќе стартуваа со подготовките за новата.
Ова од причина што како освојувач на Купот на Македонија, Тиквеш веќе ви јули ќе има обврски и тоа на европската сцена.
Кавадарчани ќе играат во квалификациите за Конференциската лига, како и трето рангираната од првенството Шкендија.
Кои ќе бидат нивните противници ќе дознаеме на 18 јуни за кога е закажана ждрепката. Натпреварите од првата рунда се закажани за 11 и 18 јули.