Екипата на Бостон поведе со 1:0 во победи против Далас, во големото финале на НБА лигата. „Селтикс“ ги „разнесоа“ гостите од Далас славејќи пред своите симпатизери со 107-89.
Победата домаќините ја најавија уште во првата четвртина, иако гостинскиот тим беше рамноправен само пет минути, кога и за последен пат водеше со 15-14. Тогаш проработе шутот на Бостон кој до крајот на периодот направи серија од 23-5 и веќе создаде големи +17.
Продолжи Бостон да го „меле“ пратеникот, па во еден момент водеше и со 29 поени разлика. Се што успеаја да сторат кошаркарите на Далас е да намалат на -8. Немаше Лука Дончиќ поддршка од останатите соиграчи па на крајот Бостон славеше заслужено. Бадијала остана дабл-дабл ефектот на Словенецот кој постигна 30 поени, а имаше и 10 скока, но и тој затаи со асистенциите (1).
Во победничката екипа Џејлен Браун со 22 поени беше прв стрелец, а веднаш зад него беше Кристопанс Порзингис. Летонецот кој поради повреда не одигра ниту еден од претходните плејоф натпревари, во првиот финален постигна 20 поени.
И следниот натпревар ќе се игра во Бостон во недела кон понеделник во 2 часот по полноќ. Потоа серијата подобар до четири победи се сели со два натпревари во Далас.