Екипата на Интер Мајами и втор натпревар по ред не успева да забележи победа. Тимот чии сопственик е Дејвид Бекам одигра 3:3 во дуелот против Сент Луис Сити.

Поранешното трио на Барселона, Меси, Суарез и Алба, беа најзаслужни што и Интер освои бод. Гостите од Сент Луис во три наврати имаа предност, но благодарение на расположението Алба, Интер се спаси од пораз.

Алба беше асистент на првите два гола кои ги постигнаа Лионел Меси и Луис Суарес за израмнување на 1:1 и 2:2.

А токму Алба во 83.минута со неговиот погодок успеа да израмни на 3:3 и да го постави конечниот резултат.

Екипата од Флорида останува на првото место на табелата во источната конференција со два бода повеќе во однос на второпласираниот Синсинати.