Возачот на Прамак и лидер во генералниот пласман Хорхе Мартин беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Италија.
Шпанецот во одличен дуел успеа да го добие актуелниот шампион на Дукати Франческо Бањаja. Мартин на крајот забележа време од 1:44.504 и беше побрз за само 43 илјадитинки.
Бидејќи Италијанецот има казна од три места (не за спринтот), Бањаја утре ќе стартува од петтата позиција за трка.
Тоа значи дека втор на стартот ќе биде Маверик Вињалес во Априлија, а местото во првиот стартен ред ќе има и Марк Маркез во Гресини.
Стартот на утрешната трка е закажан во 14 часот, а попладнево во 15 часот ќе стартува спринт трката.