Македонија летово ќе има три претставници во европските фудбалски купови. Покрај шампионот Струга Трим Лум, екипите на Тиквеш и Шкендија ќе играат во Конференциската лига.
Кавадарчани за тоа се изборија со освојувањето на Купот, а тетовци завршија како вице-прваци.
Веќе се познати и нивните можни противници за првото квалификациско коло во Конференциската лига. Шкендија ќе биде во „привилегираната“ група на екипи носители, а Тиквеш ќе има потешка задача.
Кои ќе бидат нивните противници ќе дознаеме на 18 јуни за кога е закажана ждрепката.
Првите натпревари, од првото квалификациско коло, ќе се играат на 11 јули, а реваншите седум дена подоцна (18 јули).