Вечерва ќе го дознаеме вториот освојувач на трофеј во европските фудбалски купови. Имено, во Атина, вечерва ќе с еигра финалето во од третата сезона од Конференциската лига на УЕФА.

Екипите на Олимпијакос и Фиорентина ќе се борат за трофејот во ова натпреварување.

Италијанскиот тим по втор пат ќе се обиде да стигне до овој трофеј. Лани виолетовите беа поразени од Вест Хем со гол примен во 90-тата минута. За тимот од Фиренца тоа беше еден од најболните порази, па сега ќе има мотив повеќе да излезе како противник во дуелот со Олимпијакос.

Иако Фиорентина барем на хартија ваќи за фаворит, сепак се прашува и Олимпијакос.

Натпреварот се игра во Атина, а таму еуфоријата е огромна, а Олимпијакос секако ќе има огромна поддршка не само од своите туку и од локалните навивачи. Олимпијакос направи големо изненадување во полуфиналето и двапати го совлада четвртопласираниот премиерлигаш Астон Вила (4:2, 2:0).

Кој ќе го освои трофејот во Конференциската лига ќе дознаеме по натпреварот што ќе почне од 21 часот.