Македонските одбојкари, конечно се вратија во Скопје. Откако изминатиов викенд во Антверп, Белгија ги одиграа натпреварите во Златната лига., тие имаа непријатна ситуација при враќањето.
Имено по полетувањето Цирих, авионот во кој беа одбојкарите бил погоден до гром, по што пилотот решил да се врати.
Непријатната ситуација го одложи враќањето на одбојкарите во Скопје, па тие утринава безбедно стигнаа.
На официјалниот Фејсбук профил на федерацијата, покрај фотографијата напишаа „посилни од громовите“.
Веќе претстојниот викенд одбојкарите ќе патуваат за Осијек каде ќе ги одиграат натпреварите против Хрватска и Шпанија.