Фудбалерите на Вардар и следната сезона ќе играат во Првата македонска фудбалска лига. Вардарци го добија најважниот натпревар за нив сезонава, бараж дуелот за место во ПМФЛ.
На натпреварот одигран попладнево на стадионот „Благоја Истатов“ во Струмица, Вардар ја победи радовишката екипа Детонит Плачковица.
Вардарци отпорот на радовишани го скршија во завршните пет минути од првото полувреме.
Прво Србинот, Дејан Ѓуриќ во 42-та минута им донесе предност на црвено-црните од 1-0, а во судиското дополнение (45+1) Словенецот, Лука Сушњара зголеми на 2-0.
Ова беше последниот натпревар за сезоната 2023/2024 во мак-фудбалот.