Кошаркарите на Бостон по трет пат славеа против Индијана и сега се на само една победа од пласман во големото НБА финале.

Селтикс на гостувањето ги совладаа Пејсерси со 1114-111 и поведоа со 3:0 во победи во серијата подобар до четири.

Домаќините не можеа да сметаат на својот најдобар играч Тајрис Халибартон, но одиграа добро и без него.

Во одличната втора четвртина Пејсерс успеаја да побегнат на +18, а во тие моменти Бостон беше во неволја. До средината на третата четвртина, Индијана ја одржуваше предноста, но Селтикси успеаја да стигнат до едноцифрена разлика до крајот на приодот.

На една минута и 26 секунди до крајот, Ендрју Нембхард погоди од линијата за слободни фрлања за 111:106. Тоа тоа беа последните поени на домашниот тим на натпреварот.

Ал Хорфорд и Дрју Холидеј го направија пресвртот до крајот и ја обезбедија победата.

Најдобар во победничката екипа беше Џејсон Тејтум кој оствари дбоен ефект со 36 поени и 10 скока и 8 асистенции. Џејлен Браун постигна 24 поени, а Хорфорд 23.

За Пејсерси, Нембхард постигна 32 поени со 9 асистенции, Ти Џеј Мекконел 23 поени, додека Сијакам и Тарнер по 22 поени.

Првата можност за пласман во големото финале Бостон ќе ја има во вторник наутро, повторно на теренот на Индијана.