Со одигрувањето на трите бараж дуели денеска, речиси познат е комплетниот список на екипи кои следната сезона ќе играат во Втората македонска фудбалска лига.
Екипите на Победа, Борец и Вардарски ќе бидат дел од тоа друштво.
Фудбалерите прилепска Победа го зачуваа тој статус, откако на дуелот одигран на стадионот во Ѓорче Петров го совладаа тимот на ГФК Куманово со 2-1.
Во Маџари на теренот на стадиони „Борис Трајковски“ фудбалерите на Вардарски од Богданци славеа во дуелот со Кораб со 3-2. Покрај нив, повратници во Втората лига се и фудбалерите на Борец. Велешани во Битола беа подобри од Велазерими со 3-2.
Списокот на второлигаши ќе биде комплетиран откако утре во Струмица ќе играат Вардар и Детонит Плачковица. Ова е баражот за Првата лига по кој победникот ќе игра во елитната конкуренција, а поразениот во второлигашката.
Во неа до година ќе ги гледаме и досега стандардните прволигаши Македонија ЃП и штипска Брегалница.
FOTO: Matejcho