Кошаркарите на Далас направија голем чекор кон финалето на НБА. Тие забележаа победа против Минесота на второто гостување и со предност од 2-0 ја селат серијата на својот терен.

Во неизвесен меч Маверикс славеа минимална победа со 109-108.

Играч на одлука беше Лука Дончиќ , кој одигра врвна партија, а токму тој го зададе последниот удар. Домаќините водеа со 108:106, но Дончиќ со тројка преку Руди Гоберт погоди за 109:108 на три секунди до крајот.

Словенецот по тројката му викна на недобриот одбранбен играл сезонава Гоберт „не можеш да ме чуваш“.

Последниот обиде за „Волците“ го имаше Наз Рид кој не реализира тројка. Тоа беше единственото промашување на Рид за три поени, кој до тој момент погоди седум од седум, но неговите 23 поени останаа залудни. Ентони Едвардс додаде 21 поен и седум скока, а Руди Гоберт 16 поени и десет скока.

Во победничката екипа и на натпреварот, Дончиќ беше прво име остварувајќи троен ефект со 32 поени, 13 асистенции и 10 скока, а Кајри Ирвинг запиша 20 поени и шест асистенции за Маверикс.

Следните два натпревари ќе се играта на теренот на Далас.