Грчкиот тим Панатинаикос е првиот што обезбеди пласман во финалето на кошаркарската Евролига.

На завршниот „фајнал-фор“ турнир што се игра во Берлин, Панатинаикос го совлада Фенербахче со 73-57.

Очајно турскиот тим го почна натпреварот и речиси пет минути беше без поен. Тоа Панатинаикос го искористи и веќе имаше 12:0 предност. По лошата прва четвртина која Фенер ја заврши со -9 (22-13), во втората турскиот тим успеа да се врати во игра. Го доби тој дел од натпреварот Фенер и на пауза замина со -2 (38-36).

Во второто полувреме жолто-црните постојано ја бркаа негативата, но ниту еднаш не успеа да стигне, барем до израмнување.

Панатинаикос заслужено се избори за своето осмо финале, прво по 12 години.

Во него ПАО ќе го брка седмиот шампионски трофеј во дуелот со подобриот од вториот полуфинален натпревар.

Во него (од 21:15 часот) ќе играат актуелниот шампион Реал Мадрид и вториот грчки тим Олимпијакос.

Тоа ќе биде реприза на ланското драматично финале одиграно во Каунас, во кое јунак беше Серхио Љуљ со тројката 3 секунди пред крајот.