Во Истанбул пристојниот викенд (25 и 26 мај) ќе се одржи Балканското првенство во атлетика во сениорска конкуренција.
Македонија на Балканијадата ќе биде претставувана од осуммина атлетичари.
Дрита Ислами од АК Работнички ќе трча на 400 метри. Нејзиниот тимски колега Андреас Трајковски покрај неговата дисциплина скок во далечина, ќе настапи и во штафетната трка 4х100 м. Покрај Андреас, македонската штафета ќе ја сочинуваат и Огнен Стефановски од АК Делт, Владимир Битољану (АК Центар) и Јован Стојоски (АК Охрид).
Битољану ќе настапи и во трките на 100 и 200 метри, Стојоски на 400.м., а Стефановски ќе се натпреварува и во десетобој.
Адријана Поп Арсова (АК Делта) ќе трча на 3.000 и 5.000 м, а Леонид Виденовски (АК Делта) на 3.000 стиплчес.
Во дисциплините скок во далечина и височина ќе настапува Брајан Авиа од АК 7-ми Мај.