Екипата на Минесота го комплетира списокот на четирите екипи колку останаа во плејофот на НБА лигата. Следуваат финалните серии по конференции, по кои ќе ги дознаеме кои екипи ќе се борат за шампионскиот трофејот.

Во финалето на Источната конференција, ќе играат најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Бостон и екипата на Индија. Предноста на домаќниот терен во серијата што се игра до четири победи по принципот 2-2-1-1-1, ќе ја имаат „Селтикси“.

Серијата ќе почне со два натпревари во „ТД Гарден“ и тоа во среда во 2 часот по полноќ.

БОСТОН – ИНДИЈАНА

среда,22 мај (2:00, ESPN ТV)
петок, 24 мај (2:00, ESPN)
недела, 26 мај (2:30, АBC)
вторник, 28 мај (2:00, ESPN)
четврток, 30 мај (2: 00, ESPN)*
сабота, 1 јуни (2:00, ESPN)*
понеделник, 3 јуни (2:00, ESPN)*

На западот. Она што го посакуваа љубителите на кошарката на Балканот, но туку и ширум светот, нема да го добија. Дуелот на двајцата најдобри играчи во моментов, Никола Јокиќ против Лука Дончиќ, нема да се случи.

За тоа се погрижи Минесота која го елиминира шампионот Денвер, и закажа финале со Далас на Дончиќ.

Серијата ќе почне во Минесота, на теренот на „Тимбервулфс“ во четврток од 2.30 по полноќ.

МИНЕСОТА – ДАЛАС

четврток, 23 мај (2:30, TNT TV)
сабота, 25 мај (2:30, TNT)
понеделник, 27 мај (2:00, TNT)
среда, 29 мај (2:30, TNT)
петок, 31 мај (2:30, TNT)
недела, 2 јуни (2:30, TNT)
вторник, 4 јуни (2:30, TNT)*