Олександр Усик е новиот апсолутен шампион во бокс во тепка категорија. На спектаклот во Ријад, Саудиска Арабија, настанот именуван како „Огнениот ринг“, Усик го совлада Фјури со поделена одлука на судиите.
Во борбата која траеше максимални 12 рунди двајцата боксери имаа свои добри периоди на бокс.
Во финишот на деветтата рунда, Усик со серија на удари и комбинација, го раздрма Фјури кој се најде во нок-даун, а судискиот гонг го спаси Британецот.
Украинецот продолжи да напаѓа и доминира и во следната 10-та рунда, задавајќи низа на удари. 36-годишниот Фјури, се обиде во последната рунда да го надомести загубеното, но беше предоцна и го загуби шампионскиот појас во „ВБЦ“ верзијата.
Популарниот „Џипски Кинг“ го претрпе првиот пораз во 35-ата борба, од кои дури 24 досега ги решил предвреме со нокаут.
Од другата страна, 37-годишиот Украинец, Усик, кој веќе беше шампион во четири верзии (ВБА, ИБФ, ВБО и Ринг), остана не поразен.
За Усик ова е 22-ра борба, а од нив 14 ги има добиено со нокаут.
Фјури најави дека ќе има и ри-меч, на што Украинецот, по кратко размислување одговори – „Подготвен сум за реванш, ќе биде тоа уште една одлична борба за мене“.
На спектаклот во Ријад присуствуваа огромен број на јавни светски личности меѓу нив: екс шампионите Владимир Кличко и Ивендар Холифилд, фудбалерот Кристијано Роналдо кој беше во друштво на Ентони Џошуа.
Токму Џошуа се очекува да биде следниот противник на шампионот Усик.