Во исчекување за финалните дуели во Купот на Македонија во сениорска конкуренција, што ќе се играат утре, денеска, во салата „Автокоманда“, младински ракомет.

Имено од 11 часот започнува програмата на „фајнал-форот“ во кадетска конкуренција, на кој четирите екипи ќе се борат за шампионскиот трофеј.

Домаќинот на турнирот Алкалоид со дуелот против Струга ќе ја отворат програмата. Веднаш потоа следува дуелот меѓу велешки Бисинов Фруитленд и битолски Еурофарм Пелистер.

Победниците ќе играат во големото финале за шампионскиот трофеј, а поразените за третото место.

Кога во прашање е распределбата на шампионските трофеи во младинскиот македонски ракомет, сезонава екипите од Автокоманда доминираат. во пионерската конкуренција шампион е Алкалоид, а кај младинците триумфираше Мулти Есенс.

Ќе остане ли и трофејот во кадетска конкуренција во Автокоманда, може да ги следите во живо, низ натпреварите што може да ги гледате овде (подолу во објавата).

КАДЕТСКА МАШКА ЛИГА – (18. мај САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
11:00 часот РК СТРУГА – РК АЛКАЛОИД
13:30 часот РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
за 3-то МЕСТО
17:00 часот
ФИНАЛЕ
19:30 часот