Машка одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва го почнува новиот настап во Европската Златна лига.
Со изменет и подмладен состав, како и нов селектор, Македонија втор пат ќе биде ден од ова натпреварување. Целта на настапот во Златната лига е репрезентацијата да се подготвува за августовските квалификации за Европскиот шампионат. Преку нив, одбојкарите сакаат да го продолжат континуитетот на настапи на континенталните натпреварувања.
Во Златната лига, Македонија ќе одигра четири натпревари, по два на трите предвидени турнири. Првиот се игра во Струмица.
„Ние ќе дадеме максимум и тоа е најважно за нас. Естонците и Чесите ги променија составите, но и ние сме подмладени, така што ќе играме барем за една победа.
Овој турнир ќе биде на наш терен и се надевам дека со помош на струмичката публика ќе успееме да направиме добар резултат во двата натпревара.
Многу ќе ни значи навивачите да ја наполнат салата и да бидат наш седми играч“,
изјави селекторот Хари Наковски.
Вечерва од 20.15 часот Македонија ќе го почне мечот против Естонија, а во недела против Чешка, во истиот термин, ќе го одигра вториот натпревар