Од денеска до недела во Скопје ќе се игра завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија во двете конкуренции. Осум екипи, во СЦ „Борис Трајковски“, ќе се борат за трофејот во ова натпреварување.

Новитет годинава е што во еден ден ќе се игра по еден полуфинален натпревар кај дамите и кај мажите.

На овој новитет, реагираше шампионот Еурофарм Пелистер. По предлог на Вардар, кој го прифати и Алкалоид, РФМ речи да го промени редоследот на натпреварите. Така денеска покрај дуелот во женското полуфинале, на терен ќе излезат и ракометарите на Еурофарм Пелистер и Тиквеш.

17:00 КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Во првиот меч обранителките на трофејот од минатата година, ЖРК Куманово ќе игра против старо-новиот шампион Ѓорче Петров.
На кумановки ќе им биде исклучително тешко да се изборат за ново финале во кое евентуално би атакувале на четвртиот куп трофеј. „Лавиците“ од Ѓорче, важат за апсолутни фаворитки, не само во полуфиналето, туку и за освојување на трофејот. Тие лани беа елиминирани во полуфиналето од Вардар, па годинава сакаат сезоната да ја заокружат со двојна круна.
Ѓорчепетровки досега го имаат освојувано Купот вкупно 16 пати. Разбирливо сметајќи го и периодот кога клубот го носеше името Кометал Ѓорче Петров.

19:30 ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Во првото машко полуфинале, денеска ќе играат шампионот Еурофарм Пелистер и Тиквеш. Актуелниот првак Е. Пелистер кој е блиску до освојување на шампионската титула, посакува двојна круна. Но битолчани одамна се немаат израдувани на Куп трофејот. Последен пат зелено-белите Куп пехарот го одвоија пред девет години (2005-та). Пелистерци лани беа поразени од Вардар во финалниот натпревар.

Од друга страна кавадарчани „сонуваат“ за првиот трофеј и јасно е дека ќе дадат се од себе за да дојдат барем до шанса за тоа, односно да се пласираат во финалето.

За утре (петок) во истите термини 17.00 и 19.30 часот закажани се останатите два полуфинални натпревари.
Во нив ќе играат Вардар – Чаир (жени) и Вардар – Алкалоид (мажи), а дуелите за трофејот (финале) ќе се играат во недела.

Сите натпревари во годинашното 31-во издание на ракометниот Куп на Македонија, ќе можете да ги гледате овде.

▶🔴 ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО