Во Битола, попладнево ќе се игра четвртиот полуфинален дуел од плејофот во кошаркарскиот шампионат на Македонија. Во него Пелистер ќе го пречека најтрофејниот Работнички.
Како најава за овој дуел, претходеа вчерашните преписки и „препукувања“ во јавноста, кој бил поголем виновник за тензиите на натпреварот број три. Тоа е добра најава дека денеска ќе гледаме интересен натпревар.
Во него, Пелистер влегува со предност од 2:1 во победи во серијата подобар до три. Евентуален нов триумф на пелистерци ќе значи и пласман во големото финале.
Од друга страна, Работнички ќе мора да натпревари „брејк“ на „жешкиот“ терен во Битола, доколку сака да се избори за „мајсторка“.
Исходот од овој дуел, мирни го чека актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, кој веќе си обезбеди место во финалето.
Денешниот дуел меѓу Пелистерец и Работнички што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ ќе почне од 18.30 часот.
Текот на мечот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.