Женските фудбалски екипи на Љуботен и Каменица Саса ќе ги вкрстат „копјата“ во финалната пресметка за трофејот во Купот на Македонија.
Ова практично е реприза на минатогодишното финале во најмасовното натпреварување во Македонија. Трофејот ќе го бранат фудбалерките на Љуботен.
Каменица Саса и Љуботен во досегашната историја, по еднаш го имаат освоено куп трофејот.
Финалниот натпревар ќе биде одигран на градскиот стадион во Велес, а ќе почне од 16 часот.
Дуелот за трофејот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.