Третиот натпревар од полуфиналето во плејофот меѓу Пелистер и Работнички мина бурно. Битолчани победија, а скопјани се жалеа на лошата организација на натпреварот.
Откако претпладнево КК Работнички излезе со соопштение за овој натпревар, но и организацијата за претстојниот утрешниот.
Комесарот за натпреварување при КФМ, денеска ги одреди казните за споменатиот дуел.
Пелистер ќе треба да плати 84.000 денари по разни основи, а нивниот комесарот за безбедност доби забрана за вршење функција во кошарката од шест месеци. Како образложение е наведен притисокот кој го правел врз официјалните лица. Казнет е и спортскиот директот Марјан Илиевски со еден натпревар.
Неговиот колега на спротивната страна, Тодор Гечевски, за инцидентот предизвикан во последната четвртина и исклучувањето кое го заработи, доби суспензија од два натпревари.
По добиените казни, повторно се огласија од таборот на црвените од „Градски парк“.
Кошаркарскиот клуб Работнички АД е згрозен од донесување на ваквата одлука кон КК Пелистер.
Носењето на вакви мали казни за голем и сериозен прекршок од страна на КК Пелистер ,како домаќин, докажавте дека имате различни аршини за различни клубови..
Да ве потсетиме Комесаре за натпреварување за многу помал инцидент во оваа натпреварувачка сезона Вие донесовте одлука на празнење на салата и повторно одигрување на истиот тој натпревар.
Навистина не ни е јасно зошто ние,КК Работнички АД,ви сметаме???
Зошто ваков однос кон македонски клуб ,кој опстојува повеќе од 70 години и се вложува во афирмација на спортот но истовремено и во создавање на таленти?????Комесаре Вашите одлуки се премногу конфузни и не тераат да размислиме дека сте страствени кон некои клубови, со еден збор сте подржувачи на одредени клубови.
Комесаре затоа упатуваме до Вас лично прашање :
– Дали веќе однапред го знаете победникот на ова домашно првенство ?
– Дали сѐ се одвива по Вашите лични пресметки ??
Донесувајќи ваква одлука со која покажувате нееднаков третман кон македонските кошаркарски клубови дали имате доблест да си дадете неотповликлива оставка во најбрз временски период???????