Шпанскиот мотоциклист од Прамак Дукати, Хорхе Мартин победи на 5-тата трка од Мото ГП првенството што се возеше во Франција на патеката Ле Ман.
Тој ја имаше пол позицијата и уште на стартот го презеде водството кое го задржа до крајот на трката.
Мартин водеше голема борба во последните пет круга со Бањаја за првото место, но сепак ги издржа сите напади од италијанецот и стигна до нова победа во кралската класа.
Со него на подиумот ќе бидат возачот на Гресини Дукати Марк Маркез кој заврши втор кој во последниот круг го мина Бањаја кој заврши трет на крајот.
Во топ 10 се пласираа и Бастианини, Вињалес, Џанантонио, Морбидели, Биндер, Алеиш Еспаргаро и Алекс Маркез.
Поради падови истата не ја завршија, Безеки, Милер, Квартараро, Мир, Оливеира и Акоста.
Во генералниот пласман Мартин ја зголеми разликата пред Бањаја на 38 поени. Мартин има 129, Бањаја 91, Марк Маркез и Бастианини по 89 бода.
Следата трета трка од Мото ГП првенството ќе се вози за две недели на 26 мај кога се вози трката за ГН на Шпанија во Каталонија.