Денес се одигра завршниот турнир од Пионерската машка лига. На турнирот се пласираа екипите на Алкалоид, Охрид, Струга и Аеродром. Тимот на Алкалоид е нов шампион во пионерска конкуренција.
На првиот полуфинален натпревар Охрид и Струга одиграа неизвесен и интересен меч. Победникот беше одлучен преку пенали каде Охрид се покажа подобар и ја победи Струга со 24:23. Во вториот полуфинален меч Алаклоид го лесно го совлада Аеродром со 26:11.
Алкалоид во финалето го совлада ГРК Охрид
Во финалниот натпревар. Алкалоид на почетокот во 5-тата минута успеа да поведе со 4:1. Тие постепено ја зголемуваа предноста па со серија 3-1 зголемија на +4 (9:5). Алкалоид без проблем ја одржуваа оваа предност, па на пауза заминаа со 13:7. Во втората половина Алкалоид имаше и најголеми +8 (16:8). Охрид иако се обидуваше да ја намали негативата, Алкалоид не дозволуваа и само ја зголемуваа предноста. Па така во 33-тата минута успеаја да победат со 21:14. Крајниот резултат беше 22:19.
Третото место го освои тимот на Струга откако го совлада Аеродром со 27:26.
Ивона Кимовска