Екипата на Пелистер поведе со 2:1 против Работнички во полуфиналето од плејофот на Првата кошаркарска лига. Во првиот од двата натпревари во Битола, пелистерци славеа со 85-79.
Првиот период од натпреварот им припадна на гостите кои по почетните 2-0 за Пелистер, направија серија од 0-9. Предноста ја одржуваа во текот на приодот кој го добија со 21-24. На стартот на вториот имаа и најголеми осум поени предност (21-29). Но, тука подзастана Работнички или подобро решено Пелистер „уфрли во повисока брзина“. Зелено-белите брзо ја анулираа негативата, па и поведоа 32-30. Со минимална предност од еден поен (43-42) пелистерци заминаа на одмор.
И во второто полувреме ниту еден од тимовите не успеа да се одлепи и да создаде двоцифрена предност. Гостите водеа најмногу со пет поени во третиот, а домаќините со седум во последниот период. Во завршните 60.секунди пелистерци влегоа со +4 (81-79). Планиниќ не реализира Костовски реализира две слободни фрлања со кои ја потврди победата. На крајот на семафорот стоeja 85-79 за Пелистер.
Магдевски и Мијовиќ со по 18 поени беа најефикасните играчи во победничката екипа за која Малсинко, Планиниќ и Најт додадоа по 12 поени. Кај поразениот тим Рикиќ реализира 22 поени, а Трајс беше стрелец на 20 .
Следниот натпревар во Битола, според најавите треба да се игра во вторник.
Утре пак, својот трет натпревар ќе го играат ТФТ и МЗТ Скопје, а во него шампионот влегува со предност од 2:0 во победи.