Актуелниот шампион во женското кошаркарско првенство на Македонија, екипата на Баскет Кам е вториот финалист.
Ова откако попладнево на дуелот во Македонска Каменица, домашните кошаркарки ја добија полуфиналната „мајсторка“ со Крива Паланка.
Шампионките не дозволија изненадување и од самиот почеток ка се до кракот го контролираа резултатот. Уште по првото полувреме тие ја најавија победата добивајќи го со десет поени разлика (35-25). И во следните два периоди домаќинките беа подобри (24-17 и 21-11), па на крајот славеа убедливо со 80-53.
Најефикасна во победничката екипа беше Димова со 24 поени, Зубац постигна 16, а Кметовска и Максимовска додадоа по 14 односно 12 поени.
Со конечни 2:1 во победи, Баскет Кам се пласира во финалето во кое за противник ќе ја има екипата на Вардар која со 2:0 ја доби серијата против Куманово Гризли.
Актуелните шампионки ќе ја имаат предноста на домашниот терен во финалната серија.