Фудбалерите на Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз во Премиер лигата. На гостувањето во Лондон, Јунајтед загуби од Кристал Палас со 0-3.

Французинот, Мишел Олисе уште во 12-тата минута го најави изненадувањето. Неговиот сонародник, Жан Флип Матета во 40.минута зголеми на 2-0 за домаќините.

Агонијата на „црвените ѓаволи“ продолжи и во второто полувреме. Тајрик Мичел во 58-та минута зголеми на 3-0, а Олисе со својот втор гол во 64-тата, на ефектен начин, ги постави конечните 4-0. Да не беше голманот Онана, Јунјтед можеше да си замине со уште 2-3 гола во својата мрежа.

На две кола до крајот на сезоната, Манчестер е осми со 54 бодови, колку што има и Челзи на седмото место. Двата тима заостануваат два бода зад Њукасл кој е седми, а та апозиција го води на европската сцена.