Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе срамен пораз во реванш полуфиналниот натпревар со Спартак во АБА2 лигата.

Предводени од тренерот Васко Атанасов, неговите избраници наликуваа само на „топовско месо“ во дуелот со расположениот тим од Суботица.

не само што не можеа да ја надополнат негативата од pet поени од првиот меч во Скопје, туку „металците“ загубија со убедливи 34 поени разлика. Малку фалеше да „пукне“ и 100-ка, па на крајот на семафорот стоеше Спартак – МЗТ 98-64.

Се „токмеше“ МЗТ и Атанасов пред сезоната за големо „враќање“ во АБА1 лигата, но… Уште по регуларниот (лигашки) дел од сезоната се виде дека аеродромци немаат капацитет за тоа.

Утеха, ако ја има за тоа, сино-белите ќе бараат во двојна круна во домашното првенство. Тие веќе го освоија Купот, а играат и во полуфиналето на плејофот.