Екипата на Реал Мадрид има многу причини за славење. Враќањето на Тибо Куртоа, кој бранеше за прв пат сезонава, а потоа и победата над Кадиз од 3:0 со која Реал Мадрид е се поблиску до 36-та шампионска круна во Ла Лига.
Во првото полувреме ниту една екипа не успеа да ја затресе противничката мрежа. Реал очекувано беше подобриот противник но свои моменти имаше и Кадиз.
Во второто полувреме Кадиз проба да нападне и Крис Рамос имаше шанса во 50.та минута која ја одбрани фантастично Куртоа. Веднаш по одбраната во 51.та минута Брахим го отвори резултатот на 1:0. По асистенција на Брахим, Џуд Белингам зголеми на 2:0 во 68.минута. Хоселу во 94.та минута по асистенција на Начо зголеми на конечните 3:0.
Со оваа победа Реал Мадрид сега има 87 бода, и е премногу блиску до освојување на Ла Лига, а второ пласираната Барселона заостанува дури 14 бодови.