Во ракометната Супер лига, односно нејзината плејоф конкуренција, денеска на програмата се два дуели од 12-тото коло.
Откако актуелност првак Еурофарм Пелистер вчера си ја заврши работата со победата над Тиквеш. Денеска на ред е второ пласираниот Вардар.
Вардарци мораат да славата победа во дуелот со трето пласираниот Алкалоид, доколку сакаат да ги задржат шансите за трофејот. Црвено-црните во моментов имаат пет бодови помалку од водечкиот Пелистер.
Имајќи во предвид дека до крајот на првенството остануваат уште две рунди, а битолчани во следната играат со последно пласираната Струга, екипата на Вардар денеска мора да победи. Само така вардарци ќе може да се надеваат на евентуален пресврт во конечниот поредок. Тие до крај мора да ги добијат и дуелите со Охрид (дома) и Бутел (гости, а во последното коло да „навиваат“ за Алкалоид кој ќе гостува во Битола.
Натпреварот меѓу Вардар и Алкалоид што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 18 часот. Еден час подоцна (19) ќе стартува и вториот денешен дуел во кој Охрид го пречекува тимот на Пролет.
Двата натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)