Екипата на Бостон се пласираа во полуфиналето од плејофот на Источната конференција на НБА лигата. Селтикс на домашен терен го совладаа Мајами со 118:84 и со 4:1 ја во победи ја добија четвртфиналната серија.

Џејлен Браун и Дерик Вајт ги предводеа Бостон со по 25 постигнати поени. Сем Хаузер додаде 17, а Џејсон Тејтум забележа дабл-дабл со 16 поени и 12 скока.

Бем Адебајо беше најдобар во тимот на Мајами со 23 поени.

Бостон во полуфиналето ќе игра со победникот од серијата меѓу Кливленд и Орландо дуел во кој Кавалирс водат со 3:2 во победи.