Актуелниот европски шампион Магдебург е вториот полуфиналист во ракометната Лига на шампиони. По големата драма и изведувањето на ударите од 7.метри, ракометарите на Магдебург се пласираа во финалето.

Германскиот тим го доби реванш четвртфиналниот натпревар против Килце со еден гол разлика 25-24. Имаа шанси во последниот напад гостите од Полска, за израмнување, но сомнителната судиска одлука не им дозволи на ракометарите на Килце да стигнат до израмнување и полуфинале. Резултатот остана не променет, а имајќи го во предвид и исходот од првиот меч (победа на Килце со еден гол) се пристапи кон изведување на седмерци.

А, во пенал „рулетот“ повеќе нерви и мирна рака имаа домаќините, а трагичар беше Алекс Душебаев кој не реализира за победа во последната петта серија.

Така Германскиот тик ќе има моќност да ја брани шампионската титула на завршниот „фајнал-фор“ турнир во Келн, на кој место си обезбеди и Алборг со победата над Веспрем.

Последните два тима полуфиналисти ќе ги дознаеме утре, за кога се закажани преостанатите два реванш четвртфинални натпревари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (реванш натпревари)
Среда 1 мај

АЛБОРГ – ВЕСПРЕМ 33-28 (31-32 прв натпревар)
МАГДЕБУРГ – КИЕЛЦЕ 25-24 (26-27)
Четврток 2 мај
18.45 КИЛ – МОНПЕЉЕ (30-39 прв натпревар)
20.45 БАРСЕЛОНА – ПСЖ (30-22)

„Фајнл-форот“ ќе се одржи во „Ланксес арената“ во Келн, Германија на 8 и 9 јуни 2024 година.