Со триумфот во Скопје на гостувањето кај Пролет шампионот на Македонија Еурофарм Пелистер со новите три бодови се врати на првата позиција на табелата по 11.коло во Супер лигата плеј оф. Битолчани славеа победа со 36:27. Во првиот дел домашниот тим беше конкурентен, но избраниците на Александар Јовиќ немаа сили за повеќе отпор на првакот, па во вториот дел битолчани стигнаа до висока победа.
Новит три бодови запишаа и ракометарите на Тиквеш, кои на домашен терен го совладаа Бутел со 28:23.
На првите два дуела од 11.коло денеска Алкалоид го совлада Охрид со 42:31, додека вчера Вардар славеше на гостувањето кај Струга со 36:15.
Во Супер лигата плеј аут во Битола Еурофарм Пелистер 2 го совлада Мулти Есенс со 30:21, а во Куманово домашниот тим го совалда Голден Арт со 25:24, додека Вардар Неготино славеше на домашен терен против Скопје 2020 со 34:30. Слободна беше екипата на Прилеп.
Табела плеј оф: Еурофарм Пелистер 32 бода, Вардар 30, Алкалоид 27, Охрид 23, Тиквеш 19, Бутел 7, Пролет 6, Струга 0.
Табела плеј аут: МРК Куманово 29, Е.Пелистер 2 27, Прилеп 27, Вардар Неготино 21, Мулти Есенс 17, Голден Арт 13, Скопје 2020 6, Аеродром -9.