Актуелниот англиски првак Манчестер Сити забележа очекувана победа над Брајтон. Во натпревар од 29-.коло на Премиер лигата, Манчестер Сити славеше на гостувањето кај Брајтон со 4-0.
Целата работа гостите ја завршија уште во првото полувреме кога создадоа три гола предност. Серијата ја отвори Де Бриуне во 17-тата, па следуваа двата гола на Фоден (26 и 34.минута).
Во вториот дел во листата на стрелци се запиша и Аргентинецот, Хилијан Алварез (62.минута) за конечни 4-0 на Манчестер Сити.
Со триумфот и трите освоени бодови, популарните „Граѓани“ се на втората позиција на табелата. Лидерот Арсенал има 77 бодови, а Сити 76, но и натпревар помалку па доколку го добие, шампионот ќе избие на првото место. Тимот на Ливерпул кој на последните четири натпревар освои само четири бодови, е трет со 74 бодови.