Ракометарите на Киелце остварија победа во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тие вечерва на домашен терен го совладаа европскиот првак Магдебург со 27:26 (14:13). Ова воедно беше и дуел на ланските финалисти од Лигата на шампионите.
Во рамноправен и изедначен резултатски натпревар пред преполната сала во Киелце домашниот тим оствари победа благодарение на реализацијата на нападите во последните минути. Инаку, натпреварот беше изедначен дури девет пат, а само три во првото полувреме. Европскиот шампион Магдебург имаше само едно водство 23:22 во 50.та минута.
Најдобри стрелци беа Алекс Душебаев кај Килеце со 8 голови и Феликс Клар со 8 кај Магдебург. Голманот на Киелце Андреас Волф заврши со 8 одбрани, но неколку клучни во последните десет минути, додека голманот на Магдебург Ферер Хернандез имаше 11.
Вечерва се игра дуелот Монпеље – Кил, а утре играат Веспрем – Алборг и ПСЖ – Барселона.
Реванш дуелот Магдебург – Киелце играат на 1.мај.