Арјан Исени не успеа да и донесе на Македонија, медал од Европскиот боксерски шампионат што се одржува во Белград.
Исени вечера во четвртфиналната борба со одлука на судиите крај рингот е поразен од домашниот, српски боксер Растко Симиќ. Нијанси решаваа за победникот и поените во секоја од трите рунда, но благата наклонетост на судиите кон домашниот боксер си го сторија своето.
Симиќ ги доби „симпатиите“ од судиите, а со тоа и борбата, па Исени остана без полуфинале а со тоа и без бронзен медал во најмала рака.
Инаку Исени беше единствениот од македонските боксери (настапува вкупно тројца) кој оствари победи и тоа две.
Така и по 16 години, Македонија останува без медал од Европските шампионати. Вели Мумин беше последниот македонски боксер кој освои медал, бронза на првенството во Ливерпул во 2008 година.