Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево ќе се одиграат пет натпревари од 28-то коло. Трите водечки екипи на табелата, оние што се борат за шампионскиот трофеј, ги очекуваат тешки гостувања.

Лидерот и шампион Струга Трим Лум гостува во Ѓорче Петров кај Македонија која е последно рангирана и води тешка битка за опстанок. Затоа на стружани нема да им биде нималку лесно бидејќи ѓорчепетрвци ќе се борат „лавовски“ за нив.

Финалистот во Купот, екипата на Тиквеш големиот успех сигурно сака да го надополни со нова победа. Кавадарчани ќе се обидат да го сторат тоа пред своите симпатизери во дуелот со трето пласираната Шкендија.

Во Кратово, кај Силекс кој е во сигурната зона, а неможе да се замеша за титулата гостува Шкупи. На чаирскиот тим бодовите му се повеќе од потребни, додека кратовци би требало да одиграат за својата чест.

Сепак, се чини најинтересно ќе биде во Маџари, на стадионот „Борис Трајковски“. Таму „битка“ за бодовите ќе водат Вардар и Воска спорт, екипи кои се борат за опстанок. Вардар има само бод повеќе од охридската екипа, но веќе заостанува четири зад струмичка Брера која денеска гостува кај Гостивар.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА 28.КОЛО
Недела (16 часот)

ГОСТИВАР – БРЕРА СТРУМИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
СИЛЕКС – ШКУПИ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
Сабота
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1

Standings provided by Sofascore