Со петте натпревари одиграни попладнево, комплетирано е 28.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Актуелниот шампион и лидер на табелата Струга Трим Лум славеше на гостувањето во Ѓорле Шетрив кај Макдонија минимално се 1-0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше есарт Ибраими во 24.минута кој постигна еврогол.
Стружани ја искористија киксот на ривалите за шампионскиот трофеј.
Во Кавадарци, Тиквеш го совлада Шкупи со 2-1. Домаќините поведоа преку Спахиу во третата минута, а во 23-тата Шкендија израмни преку Тотре. Во вториот дел (62) стрелец на победничкиот гол за Тиквеш беше Малески. На „ватерполо“ теренот во Кратово, Силекс и Шкупи одиграа без голови.
Струмичка Брера се спаси од пораз во последните мигови и одигра 1-1 на гостувањето кај Гостивар. Еден гол го реши дуелот во Маџари, каде Милош Ачимовиќ (37) и донесе победа на Воска против Вардар.
Струга сема има три бодови повеќе од Шкупи, а шест од Шкендија во трката за титулата. Во борбата за опстанок, Македонија ЃП останува на дното на табелата со бод помалку од Брегалница, односно три од Вардар, кој падна една позиција за Воска спорт која има два бода предност.
ПРВА ЛИГА 28.КОЛО
денеска
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0-1
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 2-1
СИЛЕКС – ШКУПИ 0-0
ГОСТИВАР – БРЕРА СТРУМИЦА 1-1
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 0-1
вчера
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1