Големото дерби на 30-тото коло во Бундеслигата заврши без победник 1-1 на Сигнал Идуна Паркот во Дортмунд.
Мрежите и на двата тима мируваа се до 81-та минута кога домашниот тим на Борусија Дортмунд поведе со 1-0 со голот на Фулкруг.
И кога се чинеше дека конечно по 43 меча Баер Леверкузен ќе доживее пораз, сепак така не мислеше Јосип Станишиќ.
Хрватскиот интернационалец во последната минута од судиското продолжение од 8 минути ја погоди мрежата на домаќинот за израмнување на 1-1 и со тоа го постави конечниот резултат на дербито.
Дортмунд беше многу близу до победа со која значеше израмнување со Лајпциг на четвртата позиција.
Момците на Алонсо не дозволија прв кикс на својот тим во сезоната. Остануваат со 25 победи 5 реми средби и без пораз во сезоната.
Со овој бод Дортмунд остана на 5-тото место со 57 бода, два помалку од Лајпциг кој има 59 на 4-тото место.
Остануваат уште четири меча до крајот на Бундеслигашката сезона.