Фудбалерите на Работнички победнички се враќаат од Штип. Популарните „романтичари“ славеа над Брегалница со 1-0 во воведниот натпревар од 28.коло на Првата лига.

Досадно прво полувреме без возбудувања одиграа двата тима. Во второто нешто по ангажирано. Домаќините се обидуваа да го отворат резултатот, но тоа се случи на спротивната страна. Грешката на домашната одбрана во 60.минутра ја казни Гандо за водство од 1-0.

Иако штипјани се обидуваа да стигнат до израмнување, резултатот остана не променет. Работниллки го освои трите бода и сега е на 7.место на табелата со 34 бодови, еден повеќе од Брера Струмица. Екипата на Брегалница е претпоследна со 26 бодови, а зад неа е само Макеоднија ЃП (25).

Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре од 16 часот.

ПРВА ЛИГА 28.КОЛО
Сабота

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1
Недела (16 часот)
ГОСТИВАР – БРЕРА СТРУМИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА
СИЛЕКС – СКОПЈЕ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА