Екипата на Јувентус продолжува променливите игрите во Серија А. Во натпревар од 33.коло „старата дама“ одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Каљари.
Гостите од Торино, одамна си го обезбедија местото во Лигата на шампионите следната сезона. Јуве ја загуби и трката со Интер за титулата, па сега може да си дозволи да игра „топ-ладно“.
Уште во првиот дел домаќините постигнаа два гола. Гаетано во 30-тата и Мина во 36-тата минута беа сигурни реализатори на пеналите за Каљари.
Во финишот на првиот дел Влаховиќ постигна гол кој беше поништен поради офсајд. Сепак српскиот интернационалец се впиша во листата на стрелците во 62.минута и намали на 1-2. Јуве од пораз се спаси благодарение на автоголот на Досена во 87-мата минута.
Јувентус останува на 3.место со 64 бодови, пет помалку од Милан и дури 19 од Интер. Каљари е 14-ти со 32 бодови, коли и Лече на 13-тото место.