Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија, претстојната зима, ќе биде дел од европската елита. Македонската ракометарки по седми пат ќе настапат на Европското првенство.
Македонија е дел од 24 репрезентации кои ќе играат на шампионатот. Домаќини на првенството ќе бидат Австрија, Унгарија и Швајцарија, ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември годинава.
Македонските ракометарки ждрепката ќе ја чекаат од третиот сад т.н. „шешир“. Во него ќе бидат и селекциите на Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд, па тие сигурно нема да бидат противници на Македонија на ЕП.
Ждрепката ќе се одржи во Виена со почеток од 18 часот.
сад 1: Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска, Холандија
сад 2: Германија, Шпанија, Романија, Унгарија, Швајцарија, Австрија
сад 3: Словенија, Хрватска, Полска, Србија, МАКЕДОНИЈА, Исланд
сад 4: Чешка, Украина, Турција, Фарски Острови, Португалија, Словачка,